Издавачка куќа
„Знаци на времето“

Нашите изданија

Се базираат на Библијата

Веруваме дека Библијата е Божја Реч и е единствено мерило за секое учење и темел за секоја реформа. Нашите изданија ја издигнуваат Библијата на највисок пиедестал, помагајќи ви да ја увидите бесценетата вредност на Библијата, да ја проучувате, и да сакате да живеете според Библиското начело „Така зборува Господ“.

Приближуваат кон Бог

Најголем процент од луѓето имаат погрешна претстава за Божјиот карактер. Резултатот на тоа е оттуѓеност од Бога. Нашите изданија го претставуваат Бог онаков каков што навистина е – полн со љубов, милост и благодат – проактивно давајќи сè од себе за да воспостави близок, личен однос со сите свои созданија – со сите луѓе на светот.

Изградуваат карактер

Преку нашите изданија ќе бидете утврдени во Библиската вистина дека Божјата благодат е толку посилна од гревот, колку што Бог е посилен од сатаната. Пребивајќи во таа вистина, нема да го презирате дарот на Божјата благодат кој ви е даден и кој ќе ве оспособува да живеете праведен живот, извојувајќи победа над секој грев, за слава на Бог.

Влеваат блажена надеж

Нашите изданија се пронижани со „блажената надеж и славното јавување на нашиот Семоќен Бог и Спасител, Исус Христос” (Тит-2:13). И уште повеќе, нагласена е динамичноста на тој настан преку привилегијата со која Бог нè удостоил, не само да го очекуваме, туку и да го „забрзуваме доаѓањето на Божјиот ден“ (2-Пет.3:12)

15 зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. 16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, 17 за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.
(2 Тимотеј 3:15-17 ; Библија)

Што велат нашите читатели?

ЕДИЦИЈА „КОСМИЧКИ КОНФЛИКТ“

Специјален попуст за комплет од сите пет книги!

Мек повез 1200 ден. | Тврд повез 1500 ден.

Pin It on Pinterest